Првпат по 23 години се извезе македонско јагнешко месо во Јордан

Bez autora
May 12 2020

Првпат по 23 години и со авионски карго-транспорт вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан.

Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.

„Овој извоз го најавивме уште пред два месеца барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на кризата за извозот на јагнето поради пандемијата на Ковид-19 и целта ја остваривме. По 23 години, денес повторно македонското јагне се извезува во Јордан. Речиси 30 тони свежо разладено македонско јагне заминува на пазарот во Јордан“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, посочи дека со отворањето на пазарот во Јордан се отвораат нови пазари не само за јагнето туку и за другите македонски земјоделски производи.

„Преговорите со надлежните служби од Јордан почнаа уште на почетокот на годината. Успешно ги завршивме со усогласување на здравствено-ветеринарниот сертификат за извоз на македонско јагне во Јордан и, еве, почна првиот извоз. АХВ и понатаму останува посветена да работи на отворање нови пазари и да ги договара со странските земји здравствените гаранции за македонското јагне“, изјави директорот Атанасов.

Поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, годинава извозот на јагниња се одвива со намален интензитет, особено на традционалните пазари. Од почетокот на извозот на јагнето МЗШВ и АХВ беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне, со цел да најдат пазари за македонското јагне. Поради кризната ситуација, за да им се помогне на одгледувачите на овци, МЗШВ ја зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik